Светиот маченик Георгиј Нов Јанински
Албанец, роден во селото Чуркла во Албанија, од многу сиромашни родители. Присилуван од Турците да се потурчи остана непоколебан во христијанската вера, заради што го обесија во Јанина, на 17 јануари 1838 година. Голем чудотворец и исцелител до ден денес.
Тропар
Георге, свети новомачениче, во Небесното Царство сега на ангелите собеседниче, кој од вистинската во Христа слобода не се одрече, исповед за спасение принесе, и нас нe ободри млитавите, Него на Голготата да Го следиме. Моли се сега и не отстапувај, помош небесна да измолуваш на пат кон Дарителот на животот.