Религија

Светиот маченик Георгиј Нов Јанински – Албанец присилуван од Турците да се потурчи остана непоколебан во христијанската вера

Светиот маченик Георгиј Нов Јанински

Албанец, роден во селото Чуркла во Албанија, од многу сиромашни родители. Присилуван од Турците да се потурчи остана непоколебан во христијанската вера, заради што го обесија во Јанина, на 17 јануари 1838 година. Голем чудотворец и исцелител до ден денес.

Светиот цар Теодосиј Велики

Овој славен и во верата ревносен цар владееше од 379 до 395 година. Константин Велики го забрани гонењето на христијаните, а Теодосиј отиде уште еден чекор понатаму: го забрани идолското жртвопринесување во својата држава. Многу помагаше на утврдувањето и распространувањето на христијанската вера низ светот.

Поврзани вести

Back to top button