РелигијаТоп

Свети Марко Исповедник, Христов маченик кој претрпе многу страдања

Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски (во Сирија)

За неговото страдање известуваат Св. Григориј Богослов и блажениот Теодорит. Според тие извештаи Марко разурнал некој незнабожечки храм во времето на царот Константин и многумина ги превел во христијанската вера. Но кога на царскиот престол седна Јулијан Отстапник, со отпаѓањето на овој цар од верата во Христа и некои аретујски граѓани се одрекоа од Христа и се вратија во незнабоштвото. Сега тие се кренаа на Марко затоа што им го разорил нивниот храм, па побараа или да им изгради храм или да им плати некоја поголема сума пари. Бидејќи старецот Марко се откажа да им направи како што бараа, го биеја, го навредуваа и го влечеа по улиците. Потоа со тенок и јак конец му ги одрежаа ушите, а потоа го разголеа и го намачкаа со мед, па го оставија врзан за едно дрво на летната жега за да го касаат осите, комарците и стршените. Но Христовиот маченик претрпе с ? без збор. Беше сосем стар, а лицето му светеше како на Господов ангел. Незнабожците ја спуштаа цената за својот храм с ? пониско и на крајот му побараа на маченикот една сосем незначителна сума којашто тој лесно можеше да им ја плати, но Св. Марко одби да даде и најситна паричка за таа цел. Неговата трпеливост направи огромен впечаток врз граѓаните и за ова почнаа да му се восхитуваат и да сочувствуваат со него и заради ова ја спуштија цената на својот храм речиси на нула, само за да остане жив. Најпосле го пуштија на слобода и еден по еден повторно сите примија од него поука и се вратија во Христовата вера. За слично дело во тоа време пострада и ѓаконот Кирил од градот Илиопол под гората Ливан. Тој беше разбил некои идоли за време на слободата на христијанството, а под Јулијан за ова беше луто мачен. Незнабожците беа толку озлобени на него, што кога го убија со заби му ја распараа утробата. Истиот ден пострадаа со него и многумина други. Злобните незнабожци ги исекоа нивните тела на парчиња, ги помешаа со јачмен и им ги дадоа на свињите. Но набрзо ги постигна казна: забите им испопаѓаа, а на усните им изби неподнослива смрдеа.

Тропар
Крвта ваша повика кон Небото, о свети маченици Христови, Марко епископ белата коса по патишта и блато ја остави, тело избодено и на потсмев предадено, но јунаштвото негово мнозина улови и демони во крајна темнина изгони, Кирил ѓакон, од јарост утроба со заби му раскинаа и со другите маченици телата собрани на свињите подадоа, молете се и за нас, вие првини на нашите поуки, по вашите молитви да се отрезниме и Бога да Го спознаеме.

Преподобен Јован Пустиник

Син на една христијанка Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил кај Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носеше од ангелскиот леб и му даваше да јаде. Бидејќи ангелот Божји не сакаше лично да му дава леб на младиот Јован, за да не се погордее, затоа леб му се даваше преку Старецот Фармутиј. По десет години тежок подвиг во бунарот, Свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се покажаа чудотворни. Поживеа и се прослави во 4 век.

Тропар
О Јоване велик, дару Божји кој Он од нас не го сокри, бунарот премин стана, кон вечноста отворен, а добродетелите твои со сокот на благодатта напоени, дрва палмини изнедрија, и под сонцето плод покажаа, од кое денес ние се насладуваме и Бога Го прославуваме, Кој угодник таков има за нас да се моли во вечни векови.

Поврзани вести

Back to top button