РелигијаТоп

Светата маченичка Аквилина, Нејзините мошти беа извор за исцелување на мнозина болни, на дванаесет години пострада за Христа

Светата маченичка Аквилина

Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите другарки. Кога настана гонењето на Диоклецијан, некој ја поткажа Аквилина кај царскиот намесник Волусијан; еден ѕвероподобен човек. Волусијан најнапред нареди да ја исшибаат, потоа со усвитена шипка да ? ги прободат ушите и мозокот. До последниот здив девицата Аквилина Го исповедаше слободно и јавно Господ Христос, а кога од главата почнаа да ? течат мозокот и крвта, таа падна како мртва. Мислејќи дека е навистина мртва, намесникот заповеда да ја изнесат надвор од градот и да ја фрлат на ѓубриште, за телото да ? го изедат кучиња. Но ноќта ? се јави ангел Божји и ? рече: „Стани, биди здрава!“ Девицата стана и беше здрава и долго со благодарност Му вознесуваше слава на Бога, молејќи Го да ? допушти да го доврши маченичкиот подвиг. „Оди, ќе ти биде како што молиш!“, се слушна глас од небесата. И Аквилина отиде во градот. Градската порта сама се отвори пред неа и таа дојде и влезе, слично на дух, во дворецот на намесникот пред неговата постела. Намесникот го обзеде неискажлив ужас, бидејќи ја виде жива девицата за којашто мислеше дека умрела. Утредента му нареди на џелатот да ја убие со меч. Пред ова девицата Аквилина Му се помоли на колена на Бога и го предаде својот дух. А кога беше мртва џелатот сепак ? ја отсече и главата. Нејзините мошти беа извор за исцелување на мнозина болни. На дванаесет години пострада за Христа. Пострада и се украси со маченички венец во 293 година.

Тропар
Избран саду на Божјата благодат, Акилино света девственичке, радост на ангелите, посрамување на демоните, моли се, о ти јагне Божјо, за оние кои Неговата волја ја бараат, затоа што по твоите молби постапуваше, Оној Кој во твоето срце престојуваше.

Свети Трифилиј, епископот на Леквусија Кипарска

Ученик на Свети Спиридон, а подоцна му беше и сослужител на островот Кипар. Човек милостив, чист со мислите, цел живот девствен, „жив извор на солзи“ и голем испосник. Добро управуваше со стадото Христово. Кога се упокои прими венец меѓу големите јерарси на небесата. Се упокои мирно во 370 година.

Тропар
Омофорот Спиридонов, облагодатен од Бога го заштити растот твој во Христа, о Трифилие Божји угодниче, а жезолот епископски ја искали душата која на Господа угоди. Спомни си за нас сега ти, усто благоглаголива, која везден Бога Го славослови.

Света Ана и нејзиниот син Јован

Како сираче земена во куќа на големци и како посвоенче однегувана и воспитана таму. Бидејќи добродетелна девојка, овој големец ја омажи за неговиот син. Кога умре старецот големец, навалија роднините врз неговиот син да си ја остави жената од ниско потекло и да се прежени за некоја којашто може да му прилега со богатството. Но синот на големецот се боеше од Бога да го направи ова и не сакаше. Гледајќи го мажот во раздор со роднините, Ана го остави тајно и побегна на некој далечен остров, каде што немаше жива душа. На овој остров пак, дојде бремена и наскоро роди син. Се подвизуваше таму триесет години во пост и молитва. Тогаш, по Божја Промисла, дојде на островот еден јеромонах, којшто го крсти нејзиниот син со името Јован. Се подвизуваше оваа света душа во 5 век и мирно се упокои.

Тропар
Со верата своја во Господа, во рацете Негови синот го предаде, о Ано, многубременита наша мајко, трудот и молитвите очи ти исправија кон небото, и срце ти подигнаа секогаш да се молиш за сите. Затоа и сега не престанувај со делото од небесните височини.

Поврзани вести

Back to top button