Свет

Страшна исповед на црногорскиот џихадист: Елвис Реџепагиќ сакал да ја заколе својата мајка

Тој бил уапсен на 2-ри февруари на Лонг Ајленд, а обвинителството соопштило дека по потекло е од Црна Гора.

Американскиот државјанин со потекло од Црна Гора, Елвис Реџепагиќ, кој е обвинет за обид за приклучување на исламските екстремисти во Сирија, минатата седмица бил одведен од својот дом во предградието на Њујорк, откако се обидел со нож да си ги отстрани тетоважите и да ја заколе својата мајка.

Тоа во понеделникот го соопштило њујоршкото обвинителство, кое документот за тоа го поднело до федералниот судија, противејќи се на кауцијата за 26-годишниот Реџепагиќ, по што судијата се согласил дека треба да го задржи во притвор без право на кауција, пренесува AP.
elvis-redzepagic-123

Други детали од полициската интервенција во домот на Реџепагиќ не биле објавени.

Тој бил уапсен на 2-ри февруари на Лонг Ајленд, а обвинителството соопштило дека по потекло е од Црна Гора.

Сослушан бил во неделата пред судот во Њујорк, откако претходниот ден бил обвинет за обид за пружање на материјална поддршка за странска терористичка организација, а неговата адвокатка рекла дека бара проценка на неговата ментална и здравствена состојба.

Таа рекла и дека тој соработувал со властите, и додала дека заедно со неговото семејство ќе работи на тоа американската влада да увиди дека на него му е потребна поддршка и советување, а не затвор.

Реџепагиќ неколку пати патувал до Блискиот исток во настојување да се приклучи кон ИСИС или некоја друга екстремистичка група во Сирија, а на американските власти им рекол дека бил подготвен да се разнесе со бомба и да се жртвува за џихад, навело обвинителството.

Поврзани вести

Back to top button