Македонија

Стеван Павлески: Катица Јанева е жртва и тоа ќе го докаже

„Вчера во обвинителството за гонење на организиран криминал Јанева беше во својство на сведок и одговори на сите прашања. Таа коректно ја исполни својата граѓанска должност како сведок. Вчера не слушнав прашање за некакви 5.000 евра. Сѐ што бараше обвинителката, Јанева одговори. Сите прашања беа за случајот Рекет“, рече Павлески и додаде дека не очекувал ваква одлука од обвинителството за нејзино приведување.

Во однос на можниот судир на интереси на Павлески како адвокат на еден од обвинетите во случајот на СЈО „Империја“ и на Јанева, адвокатот изјави дека неговиот клиент Цветан Панделевски не е првоосомничен и дека главниот лик е Камчев, а не Панделевски. „Гледаме една крвожедност на сцена. Младите адвокати сакаат да се истакнат. Имаме докази и доказите беа презентирани. Јанева имаше либерален пристап во однос на притворите и одземањето на патните исправи. Таа е жртва на овој случај и тоа ќе го докаже“, изјави Павлески.

Поврзани вести

Back to top button