Српските Радикали со пoрака до Могерини – Србија, Русија не ни треба Еу (ВИДЕО)
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска во Собранието во Белград беше исвиркана од пратениците на Српската Радикална Партија, кои викаа „УА“ и „Србија, Русија, не ни треба Унија“.
Могерини говори на посебна свечена седница во Собранието, на која пристуствува премиерот Александар Вучиќ и повеќе министри од српската влада. Таа кон пратениците се обрати на српски јазик, а додека зборуваше радикалите викаа по неа.
И ваквото покрај однесувањето на лидерот на СРС, Воислав Шешељ, Могерини продолжи со говорот.
Могерини денеска ќе се сретне со Вучиќ, а српските власти очекуваат дека таа ќе и даде поддршка на Србија за влез во ЕУ.
Високата претставничка на ЕУ вчера беше во посета на Скопје.