Србија размислува за враќање на војската во Косово
Како што соопштија од косовската полиција дежурни единици биле нападнати од „лица вооружени со долги цевки, од возило `ауди`, со сива боја и регистрарски таблички со ознака КМ (Косовска Митровица)“, какви што издаваа властите на Србија до сега. На местото на настанот пристигнале полициски единици за увид, а повредениот полицаец е пренесен во болница. Нападот се случил неколку часа откако косовската полиција го зголеми присуството на северот на Косово, каде во последните денови има чести инциденти.
Припадник на косовската полиција е полесно повреден во вооружен напад што синоќа околу 23 часот се случил во селото Србовац во општина Звечан на северот на Косово.
Како што соопштија од косовската полиција дежурни единици биле нападнати од „лица вооружени со долги цевки, од возило `ауди`, со сива боја и регистрарски таблички со ознака КМ (Косовска Митровица)“, какви што издаваа властите на Србија до сега.
На местото на настанот пристигнале полициски единици за увид, а повредениот полицаец е пренесен во болница.
Нападот се случил неколку часа откако косовската полиција го зголеми присуството на северот на Косово, каде во последните денови има чести инциденти.
Набргу по соопштението на косовската полиција, пред медиумите се обрати и шефот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Петар Петковиќ кој рече дека косовскиот премиер Албин Курти во четвртокот вечерта продолжил со „незаконски и насилни акции насочени кон окупација на северот на Косово“.
„Белград ќе го разгледа враќањето на 1 000 наши безбедносни сили на северот на Косово, како што е предвидено во Резолуцијата 1244, член 4 и член 6 од Анекс 2“,
Во средата, неделава во Северна Митровица беа фрлени две експлозивни направи, а ден претходно имаше инциденти во Северна Митровица и Зубин Поток, кога беа демолирани канцелариите на Централната изборна комисија на Косово. Во инцидентот беа употребени огнено оружје и рачни бомби.
Во четири општини на северот на Косово – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток – живее мнозинско српско население.
Во овие општини за 18 декември се закажани вонредни локални избори на кои се противи Српска листа, најголемата српска партија на Косово, која има поддршка од официјален Белград.
Претставниците на Српската листа, кои водеа четири општини на север, поднесоа оставки на почетокот на ноември, незадоволни од одлуката на Владата на Косово да ги пререгистрира возилата од српски во таблички со ознака РКС (Република Косово).
Претставниците на Србите одлучија да ги напуштат институциите на Косово