Свет

СПЦ цврсто против поделба и признавање на Косово

Во финалниот документ на Соборот на Српската православна црква се апелира на државниците да не попуштаат под притисокот и да дадат каква било согласност за отуѓување на Косово.

-Апелираме до сите наши носители на функции дека не смеат никогаш да дадат согласност за отуѓување на Косово и Метохија, бидејќи она што со сила ќе се земе, тоа се враќа, но она што ќе се поклони тоа е засекогаш изгубено, а тоа Србите и Србија не смеат да си го дозволат, пишува во пораката.

Истакнувајќи дека во јавноста има идеи за поделба на Косово, Соборот наведува дека свесно или не, се игнорира фактот дека тоа би било признавање на независно Косово. Како што се наведува поделбата на Косово не би била ништо друго тука признавање на независна држава Косово и подарување на најголем дел од територијата на покраината. Српскиот народ би бил изложен на прогон и би бил присилен на егзодус, се наведува во пораката на Светиот Архиерејски собор на СПЦ.

-Во светската историја нема пример некој народ во мир, две децении по оружаниот судир да го дава своето за свое. Со поделба народот на голем дел од Косово и Метохија автоматски би бил ставен на милост и немилост на режимот на таканаречената држава Косово, пишува во пораката.

Црквата наведува и дека не треба никако да има согласност за независноста на Косово, со оглед дека за тоа не се согласни ниту сите земји членки на ЕУ. Во апелот пишува дека без согласност и консензус на сите европски земји меѓу кои и петте членки кои не го признаваат Косово, постоечката состојба не може насилно да се промени.

-Постоечката ситуација не може насилно да се промени и покрај сите политички притисоци со кои се соочува Србија, како и кон сите држави кои не ја признаваат независноста на Косово.

Црквата смета дека наметнувањето Србија да ја признае независноста води кон конкретни длабоки проблеми.

-Упорните обиди на Косово и Метохија да се изгради нешто во жив песок, го доведоа светот во ситуација кога Косово под власта на некогашните лидери на ОВК денеска повеќе од кога било да претставува црна дупка во Европа и преседан кој се заканува со дезинтеграција на многу држави ширум светот. Она што е создадено врз темелите на безаконие, не може да им доносе мир и перспектива ниту на самите косовски Албанци,

Поврзани вести

Back to top button