Свет

Сомалија го забрани јавното прославување на Божик

Владата на Сомалија забрани прославување на Божик, предупредувајќи дека празнувањето на христовото раѓање може да биде „претставува закана за муслиманската вера“, која има статус на официјална религија во оваа земја на Рогот од Африка.

Претставник на Министерството за религиозни прашања изјави дека божиќната прослава не е во никаква врска со Исламот.

Забраната не се однесува за странците кои живеат и работат во Сомалија, но тие може да го слават Божик само дома, а не во некој хотел или на други јавни места.

Земјата се уште се опоравува од долгата граѓанска војна, а не мал број Сомалијци кои израснале во странство и се вратиле дома со себе ги имаат донесено и некои од западните традиции, како што е празнувањето на Божик.

Градоначалникот на Могадишу, Јусуф Хусеин Џимале за Би-Би-Си изјави дека божикните чествување би можеле да испровоцираат нови напади на припадниците на исламистичката милитантна група Ал Шабаб, посебно врз хотелите.

Божик во Сомалија никогаш не се прославувал помасовно, особено откако во 2009 година земјата го прифати исламското (шеријатско) право, па оваа забрана повеќе се однесува за странците да останат во своите домови, отколку за Сомалијците.

Поврзани вести

Back to top button