Македонија
Собраните пари од Водици во Гостивар донирани во изградбата на манастир
– Фаќањето на крстот е голема среќа и за мене тоа е света работа. Од тие причини, парите со кои ме даруваа моите сограѓани сакав да ги наменам за некоја убава цел. Мислам дека секој што е во можност треба да помогне за неговото довршување, изјави Павел Давидоски, непосредно по уплатата на средствата.
На годинешното, возобновено чествување на празникот Водици по седумдецениска пауза, на Павел појде од рака да го извади светиот крст од водите на Вардар меѓу триесетината гостиварци. Манастирот во населбата Циглана започна да се гради во 2014 година и е првиот православен храм во Гостивар што се гради по повеќе од еден век.