Македонија

Собран доволен број донатори на крв за Андреј од Кичево, но потребни се донации за неговата борба – Нашите 100 денари спасуваат живот!

Драги наши хумани луѓе! Денес со нашиот хуман гест покажавме дека како народ сме доста солидарни и сплотени кога се работи за човечки живот, така што за неполни 2 часа се јавија и оставија свои информации доста голем број донатори на крв од крвната група 0+ „нулта позитив“ која му е неопходна на Андреј Трипуноски од Кичево. За сега како што не известија доволен е бројот, но ние секогаш ќе бидеме спремни за се што треба да го спасиме ова детенце кое боледува од малигна болест.

Како што можеме да ве упатиме, малиот Андреј ќе има потреба од посебен хигиено-диететски режим и посебни животни услови заради избегнување на контакти и можност за инфекција, како и посебна засилена исхрана, така да сите хумани, а не има многу кои сакаме да помогнеме на секаков начин, тоа можеме да го направиме и преку донација од 100 денари од повик со јавување на телефонскиот број 143 481 на мрежата од Оне.ВИП (наскоро и од Т-Mobile) или финансиски средства кој колку може на транскакциска сметка од НЛБ Банка на име Андреј Трипуноски, 210-501718332351 депонент Тутунска Банка

Од срце ви благодариме на сите хумани луѓе кои ислегуваат во пресрет на ова семејство во овие тешки моменти низ кои минува.

Поврзани вести

Back to top button