Религија

Со ѓаволот нема разговор, тој секогаш победува бидејќи е попаметен од смртниците

Во телевизиското интервју папата Франциско рече дека сатаната не е измислен лик, туку дека е вистинско битие со темни моќи.

Тој во своите обреди во Ватикан често го спомнува ѓаволот и редовно ги фали егзорцистите за „борбата со злото“.

Во интервју за ТВ2000 рече: „Тој не е зло, тој не е како магла. Тој не е нешто што се шири, тој е човек. Убеден сум дека со сатаната нема разговор – ако тоа го направите, ќе бидете изгубени. Поинтелигентен е од сите нас, ќе ви го помати умот“, рече папата Франциско.

Тој додаде: „Тој секогаш сака да биде љубезен – тоа го прави и со свештениците, епископите. На тој начин ви влегува во умот. Но, ова лошо се завршува ако на време не разберете што се случува. Треба да му кажеме „оди си“.

Овие изјави доаѓаат само неколку дена откако папата изјави дека сака да го промени толкувањето на „Оче наш“, најпознатата молитва во христијанството.

Молитвата „Оче наш“ бара од Бога да не „нѐ води во искушение“, но папата Франциско вели: „Тоа не е добар превод, бидејќи зборува за Бога дека предизвикува искушение“.

Тој додаде: „Јас сум тој што паѓа. Не ме турка тој во искушение за да види како сум паднал. Таткото не го прави тоа, таткото ти помага веднаш да станеш.

„Сатаната е тој што нѐ води во искушение, тоа е негов оддел“, пренесе Индепендент.

Поврзани вести

Back to top button