Свет

Со чевел фрлија кон Еди Рама: Обезбедувањето го спаси со чадор!

Пратеничката на Движењето на социјалистите за демократија, Моника Кријемади фрли со чевел кон албанскиот премиер Еди Рама во парламентот каде што се водеше бурна расправа за именувањето на новиот државен обвинител.

Премиерот на Албанија беше заштитен од еден член на собраниското обезбедување кој се сети во моментот да употреби чадор. Претходно, опозициските пратеници фрлија дури и солзавец во близина на Еди Рама.

Исто така, опозициските пратеници фрлаа со најразлични предмети и кон претседателот на собранието, Илир Мета. Според опозицијата, изборите се нелегални и бараат формирање на специјална комисија која што би го избрала новиот државен обвинител на Албанија.

Пред парламентот дојде до судир на поддржувачите на опозицијата кои што се обидоа да упаднат во зградата на парламентот и да ја прекинат седницата за именувањето на новиот државен обвинител.

Од Министерството за внатрешни работи на Албанија соопштија дека во судирите шест полицајци биле повредени, а засега не е познато колку граѓани се повредени. Органите на редот, како што е соопштено, работат на идентификување на учесниците во насилството.

Пред албанскиот парламент се проценува дека се собрале околу 3 илјади демонстранти кои што носеле американски знамиња и знамиња на Европската унија и притоа извикувале разни пароли против владата на Еди Рама.

Според нив, изборот на привремениот државен обвинител е неуставен. Демонстрантите успеале да го пробијат првиот ред од кордонот, но потоа нивниот налет бил запрен од полицијата. Потоа, дел од демонстрантите започнале да фрлаат димни бомби кон полициските сили.

Поврзани вести

Back to top button