Свет
Слики како пред војната во Украина: Колони возила на српската војска на границата со Косово (ВИДЕО)
На социјалните мрежи се појавија видеа од колони на возила на српската војска кои се упатуваат кон границата со Косово.
Тензијата на Косово расте откако Албин Курти го одби барањето на ЕУ да се продолжи рокот за промена на регистарските таблички на Србите на Косово.
Косовските власти објавија дека заинтересираноста за промена на табличките е многу мала и дека само некколку возила ги замениле истите.
Србите на Косово се сретнаа и со Александар Вучиќ кој кажа дека Србија треба да го заштити српското население.
BREAKING:
Serbia has put its armed forces on high alert and is sending army units toward the border with Kosovo.
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 1, 2022