Свет

Слика на српска црква и мапа на Косово најдени во компјутерот на Осама бин Ладен

Со прегледување на 470.000 фајлови објавени на 1 ноември на сајтот на ЦИА, српска Политика нашла мапа на Косовска Митровица, како и фотографија на црквата во градот.

„Најдовме и знаме на кое пишува „Косово џихад – муслиманско истребување на косовските христијани“, како и мапа на Косово од времето на Отоманското Царство на кое се прикажани Приштина и Вучитрн“, пишува весникот.

Мапата на Косовска Митровица и фотографијата на црквата во градот претходно биле објавени и на сајтот на Би-би-си под наслов „Косовските Срби се соочуваат со тешки одлуки“.

Станува збор за репортажа за животот во северниот и јужниот дел на Митровица, објавена на 14 март 2007 година, нецел месец по едностраното прогласување на независноста на Косово.

Компјутерот во кој се наоѓаат овие документи беше откриен во акцијата на американските специјалци во која во 2011 беше убиен лидерот на Ал каеда во Пакистан, а содржи повеќе стотици илјади фајлови со документи, видео-снимки и фотографии.

Пензионираниот професор на белградскиот универзитет и експерт за антитероризам Милан Мијалковски за Политика вели дека одамна е познато за постоењето на планот на Ал каеда во кој Балканот се проектира како дел од идниот калифат, па оттука веројатно и интересот на Бин Ладен за Косово.

Поврзани вести

Back to top button