Македонија

Шверцери во филмот го споменуваат и Саздо, убијците биле според нив неправедно осудени (ВИДЕО)

По повод 30-годишнината од формирањето на навивачката група Шверцери излезе и документарен филм на нивниот официјален Јутуб канал.

Во краткиот документарен филм тие споделуваат искуства од минатото, почнувајќи од формирањето каде зборува и Артан Груби како еден од основачите, инцидентот на Кале (февруари 2011) кој го именуваат како најголема победа за Шверцери а заврши со повеќе повредени лица меѓу кои имаше и со убодни рани од нож, па се до Саздо кого го именуваат како “момчето од црвените”.

Напоменуваат дека осудените за убиството на Саздо се неправедно осудени, чекаат да бидат ослободени и додаваат: „Секогаш ќе е*еме црвени – Нека знаат со кој си имаат работа.“

Поврзани вести

Back to top button