МакедонијаТоп

Штајнмајер го цитираше Конески, а ги спомена и Петре М. Андреевски и романот „Пиреј“, колку од нашите пратениците прочитале нешто од овие писатели

Романот на векот „Пиреј“ на впечатлив начин ја опишува судбината на Македонците Јон и Велика на почетокот на 20 век. Овој роман ни предочува дека има нешто што е посилно и поважно од националистичките интереси и политичките несогласувања. Нескротливиот копнеж за мирен живот. Тој копнеж верувам дека постои и денес, го има секаде во Европа, тој постои и тука и тоа 100 години по објавувањето на овој роман. Дозволете на овој нескротлив копнеж за мир и слобода да му дадеме заедничка татковина во Европа, рече Штајнмајер.

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмајер, со цитати од Блаже Конески – „Јазикот е наша татковина“, од собраниската говорница упати молба до пратениците, но и до граѓанките и граѓаните на Македонија да не скршнуваат од патот кон ЕУ зошто сега не е време за националистички призвуци.

Штајнмајер во обраќањето до пратениците побара да се надмине последната пречка, а тоа се уставните измени. Притоа, тој ги спомена Петре М. Андреевски и романот „Пиреј“.

„Во романот на векот ‘Пиреј’, Петре М. Андреевски на впечатлив начин ја опишува судбината на Македонците Јон и Велика на почетокот на 20 век. Овој роман ни предочува, покрај сето страдање, дека има нешто што е посилно и поважно од националистичките интереси и политичките несогласувања. Нескротливиот копнеж за мирен живот. Тој копнеж верувам дека постои и денес, го има секаде во Европа, тој постои и тука. И 100 години по објавувањето на овој роман, дозволете на овој нескротлив копнеж за мир и слобода да му дадеме заедничка татковина во Европа“, рече Штајнмајер.

Поврзани вести

Back to top button