Македонија

Шилегов: Ние не спиеме, Скопје наскоро ќе има автобуско метро

Не спиеме, Скопје дефинитивно ќе има БРТ, објави градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук, најавувајќи го проектот „трамвај со гумени тркала“, односно автобуско метро.

Не спиеме, Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас рапид транзит. Популарното наречено автобуско метро, годинава почнува да станува реалност. Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон! Со Бас рапид транзит ќе овозможиме траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај. Ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, кој обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, и со тоа и намалување на загадувањето во воздухот. Скопје метропола! Скопје една поинаква приказна… – објави Шилегов на својот официјален профил на Фејсбук.

 

Поврзани вести

Back to top button