Живот

Шест производи кои штитат од болести

Кога станува збор за здравјето и имунитетот, постојат луѓе кои не сакаат да ги слушаат советите од експертите, бидејќи сметаат дека во прашање се екстремно сложени совети, но лекарите велат дека спречувањето на болестите е многу едноставно.

– Болестите како рак или кардиоваскуларните заболувања е многу лесно да се спречат и не е толку комплицирано како што луѓето мислат. Всушност, е многу едноставно – истакнува д-р Џоел Фурман.

Зелен зеленчук

Зелениот лиснат зеленчук (марула, спанаќ, блитва, зелка) треба да се јаде што почесто, по можност секојдневно барем двапати на ден, бидејќи е богат со здрави состојки што го спречуваат појавувањето на различни болести меѓу кои се и оние најопасните.

Мешунки

Овој вид зеленчук е богат со хранливи јаглехидрати што имаат влакна и помагаат во стабилизација на шеќерот во крвта. Многубројните студии покажуваат дека грашокот може да го намали ризикот од рак на дебело црево, како и од други видови на рак.

Лук и кромид

Слободно можат да се наречат суперхрана, бидејќи имаат висока концентрација на флаваноиди кои благотворно дејствуваат на имунитетот и го спречуваат создавањето на најразличните видови болести.

Печурки

Содржат хранливи материи кои на организмот му помагаат во борбата со воспалителните болести, го спречуваат оштетувањето на ДНК и докажано е дека содржат состојки кои можат да го намалат ризикот од заболување од рак на дојката и матката.

Зрнесто овошје

Го има во различни бои бидејќи содржи силни антиоксиданси како флаваноидите. Според досегашните истражувања, зрнестото овошје (боровинки, малини, капини, рибизли, јагоди, грозје, сливи) ја спречува појавата на рак и го намалува високиот крвен притисок.

Семиња

Семките од тиква и сончоглед се исклучително здрави производи богати со белковини и минерали. Содржат омега-3 масни киселини, калциум, железо и цинк. Особено е корисна употребата на лен, бидејќи неговите состојки спречуваат повеќе женски болести.

Поврзани вести

Back to top button