Македонија
Села: Ако правите само македонска влада, ќе има и албанска влада
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја продолжија својата изборна кампања со промоција во Струга. Зијадин Села му порача на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека ако планира мнозинство само со македонски партии, Албанците ќе формираат влада со албанските политички партии. Села ги повика Ахмети и неговиот тим на телевизиска дебата.
Дали сте свесни дека со ова, кога сте исклучени од системот, имате право да го бојкотирате системот? И кога го бојкотирате системот, имате право да направите паралелен систем. Ако сакате да направите македонска Влада, верувам дека Албанците ќе ја направат албанска Влада, немајте дилема“-изјави Зијадин Села, претседател на АА.