Седум момчиња силувале девојка, сега плачат на суд
Минатиот месец во Палермо на Сицилија, седум момчиња силувале 19-годишна девојка. Судењето е во тек, а италијанските медиуми ги објавија нивните изјави пред судот. Кристијан Маронија (19) кој беше уапсен заедно со шест пријатели, го признал делото и се расплакал пред судот.
– Си го уништив животот, извинете. Тажен сум поради тоа што се случи, исе извинувам на девојката и на нејзиното семејство. Ми рекоа дека девојката се согласила. И јас имам девојка и никогаш не би направил такво нешто. Не ја познавав девојката, никогаш порано ја немам видено – изјавил пред судот.
Каење за стореното дело изразил уште еден од обвинетите, правдајќи се дека не знаел што се случувало.
– Требаше да заминам, не требаше да останам. Не разбрав што се случува, изјавил Самуел Ла Граса.
Според обвинението, девојката која била под дејство на алкохол, момчињата ја однеле во изолиран дел од центарот на градот, каде наизменично ја силувале и снимале се. Еден од силувачите е малолетник, а најстариот има 22 години. Тие биле уапсени еден месец по силувањето. Останатите петмина треба да дадат исказ денеска. Нивните фотографии се шират на социјалните мрежи.
Малолетникот, кој вчера го призна силувањето, излезе од затвор, но обвинителството поднесе жалба против неговото ослободување, пренесуваат италијанските медиуми.