Живот

Се појави сексуално пренослива болест за која наскоро нема да постои лек – Еве ги симптомите

Британскиот завод за јавно здравје предупредува на појавата од реткиот вид на сексуално пренослива болест, нешто што би можело да се нарече супермикроб за кој наскоро можеби нема да имаме лек.

Имено, се појавила супер гонореја. Бројот на болни пораснал на 34, а иако таа бројка се чини занемарлива, експертите се загрижени бидејќи останал само уште еден антибиотик кој е целосно ефикасен против таа заразна болест, пренесува британски „Telegraph”. Доколку болеста стане отпорна и на тој антибиотик, ќе стане неизлечива и нејзиното ширење ќе биде невозможно да се запре.

Моментално не се познати последиците од болеста, но утврдено е дека може да предизвика неплодност

„Отпорноста на антибиотици за човештвото ќе стане поголема закана отколку канцерот“, вели Џорџ Озборн од Заводот за јавно здравство во Англија.

Стравот од ширење на оваа болест ги натерал експертите да им влезат во трага на сите сексуални партнери на личностите кај кои бил откриен овој вид на гонореја.

„Ширењето на ваквата болест, која е отпорна на азитромицин, е наша голема грижа и правиме се` за да го запреме тоа. Ако не успееме, можеме да ги загрозиме, не само поединците, туку и целото општество“, објаснува претседателката на Здружението за заштита од венерични болести Елизабет Карлин.

Симптомите на гонореја обично се развиваат во рок од две недели од инфекцијата, но понекогаш можат да изостанат дури со месеци.

Симптоми кај жените

» Болка или пецкање при мокрењето
» Необичен вагинален исцедок кој може да биде воденкаст и со зеленкаста или жолтеникава боја
» Болка или чувствителност во долниот дел од стомакот
» Крварење помеѓу менструациите, а во тешки облици и крварење за време на секс

Симптоми кај мажите

» Болка или пецкање при мокрењето
» Чуден исцедок од врвот на пенисот, кој може да има бела, жолта или зелена боја
» Поретко може да се појави и болка или чувствителност во тестисите

Поврзани вести

Back to top button