Македонија

Сашко Коцев и пријателите ќе играат за спас на млади животи – биди хуман, посети го МНТ

Претставата “НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ” на 21 јуни во 21:00 хуманитарно ќе се одигра на големата сцена во МНТ, а собраните сретства ќе бидат донирани за лекување на малиот Гоце Марковски кој боледува од тумор на мозокот и 24 годишната Марина Јовановска со ретка болест на очите која доведува до слепило – објави МНТ.

Да ги спасиме младите животи! Биди хуман! – повикуваат актерите кои ќе застанат на сцена – Сашко Коцев, Оливер Митковски, Александар Микиќ.

БАРАЊЕ ЗА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ!

Ве молиме за помош за младата Марина Јовановска која има 24 години и има итна потреба од третмани и лекарства во Берлин, Германија. Марина боледува од nystagmus и rethinopatia pigmentosa sine pigmento, кои се многу ретки болести на очите кои доведуваат до слепило и за жал во Република Македонија не се лекуваат. Поради таа причина Ве замолуваме од срце да помогнете за да може Марина успешно да се излекува.

Однапред Ви заблагодаруваме за Вашата хуманост, со која би спасиле еден млад живот.

Отворени телефонски линии за донации

075 143 485

077 143 485

070 143 111

Трансакциска сметка

300007100530695

Комерцијална банка

Марина Јовановска

Податоци за малиот Гоце 

Ви благодариме од срце!

Поврзани вести

Back to top button