Свет

САД размислуват за воена варијанта – Moжна нуклеарна војна со Северна Кореја

САД ја разгледуваат можноста за воена варијанта како одговор на континуираното развивање на севернокорејската програма за вооружување, изјави висок американски претставник, јави БТА.

Тој нагласи дека Пјонгјанг веројатно ќе изврши ново тестирање или на балистичка ракета или нов нуклеарен тест и прашање е кога тоа ќе го стори.

– Веќе се разгледуваат воените варијатни, изјави советник за надворешна политика во Белата куќа, кој побарал анонимност.

– За жал тоа не не изненадува, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун продолжува да ја разработува својата програма и да лансира ракети во Јапонското Море. Со тој режим прашање не е дали тоа ќе се случи, туку кога ќе се случи, рече советникот на Белата куќа.

Тој додаде дека разузнавачките служби постојано ги информираат претседателот и заменик-претседателот за ова прашање.

Во меѓувреме Пентагон не сакаше да даде коментар на објавата, што претходно ја даде Си-Ен-Ен за можен превентивен напад врз Северна Кореја.

Портпаролката Дејна Вајт изјави дека Министерството за одбрана „не ги разгледува идните операции и не прави јавни претпоставки за евентуални сценарија“.

– Командантите сепак го разгледаа целиот спектар на можности за дејствување, рече Вајт и додаде дека САД имаат должност за заштита на нивните сојузници, вклучувајќи ги Република Кореја и Јапонија, доколку се појават евентуални закани.

Заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја Хан Сонг-рјол во специјално интерву за АП, кое го пренесува БТА изјави дека ситуацијата на Корејскиот Полустров во моментов се наоѓа во еден маѓепсан круг.

– Северна Кореја нема да стои со скрстени раце по заканата од САД со превентивен напад, изјави високиот севернокорејски дипломат и додаде дека американскиот претседател Трамп внесува раздор со агресивните твитови.

– Северна Кореја ќе ја изврши следната нуклеарна проба, кога врховната команда ќе донесе одлука за тоа, рече Хан.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја претставува проблем, кој ќе биде решен.

Одговарајќи на прашање за тоа која е неговата порака до Северна Кореја, Трамп истакна дека таа земја е проблем, за кој ќе се погрижи.

Трамп додаде дека верува оти кинескиот претседател Си Џинпинг ќе работи мошне напорно за да помогне во решавање на тој предизвик.

Американскиот претседател изјави дека имал детални разговори со Си минатиот викенд.

– Навистина ми се допадна претседателот Си и го почитувам. Тој е мошне исклучителна личност, рече Трамп.

Поврзани вести

Back to top button