Свет

Роберт де Ниро: САД страдаат од привремено лудило

Холивудската ѕвезда Роберт де Ниро го критикуваше ставот на администрацијата на Трамп за климатските промени, велејќи пред огромната публика на Блискиот Исток дека е дојден од една „назадна“ земја што страда од „привремено лудило“.

Тој рече дека во земјата што ја опишува, шефот на Агенцијата за заштита на животната средина минатата недела рекол дека глобалното затоплување можеби е добра работа за човештвото.

„Зборувам за мојата сопствена земја, Соединетите Американски Држави. Ние не сакаме да велиме дека сме ‘назадна’ земја, па ајде да речеме дека страдаме од случај на привремено лудило“, додаде тој.

Де Ниро доби аплауз и громогласна смеа кога рече дека САД „на крај ќе се излечат кога со гласање ќе го избркаме нашиот опасен лидер од функцијата“, објави АП.

Де Ниро зборуваше во неделата на Светскиот владин самит во Дубаи.

Поврзани вести

Back to top button