Свет
Разбиена нарко-група во Германија и Белгија, уапсени 17 Албанци
Во заедничка акција на германската и белгиската полиција во која учествувале околу 300 полицајци разбиена е нарко-банда која шверцувала хероин и кокаин, јавија албанските медиуми. Уапсени се 17 Албанци, од кои 15 во Белгија и двајца во Германија.
– Истражителите откриле дека дрогата се шверцувала во контејнери во Белгија, пред да биде пренесена во Германија и потоа дистрибуирана низ Европа. Во акцијата се запленети 700 илјади евра, 15 килограми хероин, три килограми синтетичка дрога и три килограми кокаин, 13 возила и три парчиња огнено оружје, наведуваат медиумите.
Европол ја поддржал оваа истрага со обезбедување експертиза и обемна аналитичка поддршка и со олеснување на размената на информации преку своите сигурни канали.