Македонија
Ракометарите на Вардар слетаа во Скопје (Во живо)
Ракометарите на Вардар слетаа во Скопје. Иако првично беше најавено дека ќе пристигнат во 18 и 50 часот, фановите повеќе од два ипол часа неуморно ги чекаа на Меѓународниот аеродром Скопје.
Следна дестинација на европските шампиони е плоштадот „Македонија“ каде веќе ги чекаат стотици фанови за заедно да ја прослават титулата.