Путин се подготвува за војна – Британската морнарица во страв
Британската кралска морнарица се соочува со најголем предизвик од Русија во последните 25 години, предупредил адмиралот Филип Џонс, командант на британската флота.
“Русија моментално спроведува најголеми морнарички активности уште од крајот на Студената војна. Нејзините воени бродови и подморници често пловат во светските води, а Британија има големи потешкотии како поморска сила да излезе на крај со тие маневри. Ако гледате од страна, делува како Путин да се подготвува за војна”, рекол адмирал Џонс, пренесуваат британските медиуми.
Оваа предупредувачка порака од адмиралот Џонс доаѓа во екот на повторното ангажирање на британската морнарица, која се подготвува да го испрати рускиот носач “Адмирал Кузњецов” на неговото враќање од Сирија до Русија. Рускиот возач низ Медитеранот плови заедно со три воени бродови и танкер.
По изјавата на челниот човек на британската морнарица, се огласиле и безбедносни експерти од Островот, кои наведуваат дека активностите на руските бродови не се ни приближно опасни како тие кои ги спроведуваат нивните подморници во водите северно од Шкотска.
Британските подморници и бродови со поддршка на своите сојузници од НАТО, со месеци трагаат по руска подморница која наводно кружи околу Велика Британија. Британците веруваат дека руската подморница ги шпионира, и наводно собира податоци за нивните нуклеарни системи.
Службениците и генералот веќе почнале да се жалат дека за “рамноправен одговор на Русија” фалат половина милијарда долари во буџетот, и некои скептици сметаат дека намерно се креваат тензии за да се купи ново вооружување.
Од друга страна, др. Ендру Фоксал, директор на Институтот “Henry Jackson”, за британски Telegraph рекол дека водите околу Гренланд, Исланд и Велика Британија, повторно станале центар на тајни конфронтации на некогашните ривали од Студената војна.
“Русија е сè помоќна. Додека останатите земји го намалуваат своето присуство во северниот Атлантик, Русите го зголемуваат”, предупредил Фоксал.
Велика Британија останува без сојузник против Русите
Од друга страна, изгледа дека геополитичката ситуација нагло ќе се промени со доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД. Новиот американски претседател најавил дека на Русија ќе и пристапи од позиција на пријател, што ги вознемирило американските сојузници во Европа, пред се Британија и тие на Балтикот.
Покрај тоа, во годината на избори која ја чека Европа, најголеми шанси за победа имаат кандидатите кои на Владимир Путин гледаат како на пријател. Сите очи се свртени кон Франција, каде според сите анкети убедливо води Франсоа Фижон, додека зад него е Марин Ле Пен. Двајцата го ценат рускиот претседател, и најавуваат пресврт во политиката кон Русија.
Со оглед на тоа дека гласале за напуштање на ЕУ, дури и нова победа на Ангела Меркел на изборите во Германија нема да и биде многу од помош на Велика Британија.
Потенцијалното создавање на нова Европа, како и смена во Вашингтон, ја оставаат Велика Британија осамена во антагонизам кон Русија, поради што Лондон е во многу непријатна позиција. Бидејќи, во таков однос на силите, Британците немаат никакви шанси против Путин, смета списанието New Statesman.