Путин: Имам бомба над бомбите, слушајте нѐ сега! (ВИДЕО)
Напорите на САД да ја запрат Русија пропаднаа. Никој не нѐ слушаше. Послушајте нѐ сега!“.
Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин, откако соопшти дека Русија развила нуклеарно оружје способно да избегне било каков систем на одбрана. Путин исто така предупредил дека Москва „веднаш ќе одговори на секој можен нуклеарен напад на државата или на нејзините сојузници“.
„Многу држави создаваат перспективно оружје кое работи на нови физички принципи. Русија не само што разработува такво оружје, туку има и готови производи“, рече претседателот Путин. Домашното ласерско оружје „не е само теорија или проект“. Тоа се готови системи со кои е вооружена руската армија.
Владимир Путин не зборуваше за детали, но нагласи дека тоа оружје ѝ дава на Русија поголеми можности на планот на безбедноста. Во текот на неговиот настап е емитувана снимка од работата на еден таков борбен ласерски систем.
Путин им понуди на сите кои се интересираат за воената техника да предложат име за новото оружје.