МакедонијаТоп
Пукање со пиштоли и пресметка со ножеви пред општина Чаир
„Вечерва, на 14 октомври 2024 година, околу 19 часот во полицијата било пријавено за пукање од огнено оружје пред општина Чаир. Полицијата веќе излегла на местото на настанот. Сведоците на случајот изјавија дека се работи за пукање со пиштоли и физичка пресметка со ножеви. Бројот на повредени не е познат, но тие се веќе пренесени во болница, за да им биде укажана прва помош“, – објави ТВ Алсат.
Пред неколку дена се случи престрелка исто така во Чаир, во близина на маркетот „Веро“, во која беше ранет 19-годишен скопјанец.