Живот

Пронајден е мртов бездомник во Милано, на сметката имал 100.000 евра

75-годишен човек кој живеел како бездомник, чие безживотно тело е пронајдено на железничката станица во Милано минатата недела, на својата банкарска сметка имал над 100.000 евра.

Тој имал и 19.000 евра во акции и други хартии од вредност, пренесува Кориере дела сера.

Покрај тоа, тој добивал редовна пензија, која ја обезбедил преку долгогодишна работа во Минхен, во износ од 750 евра. Поседувал и куќа во Калабрија и две комбиња. Потеклото на целиот негов имот сè уште не е разјаснето во целост. Кога бил пронајден мртов на својот импровизиран кревет на станицата Порта Гарибалди, во џебот имал 1.235 евра.

Умберто Квинтино Дијако исчезнал од родното планинско селце во јужна Италија кога имал само 17 години и се упатил кон Германија. „Тој одлучи да стане дух засекогаш“, вели неговата сестра Кијарина. „Го баравме насекаде, но тој едноставно не сакаше да успееме.

Имотот Дијако го оставил во поштенско сандаче на Каритас, единствената организација во која имал доверба и покрај постојаните барања од разни волонтери да побара помош и да се тргне од улиците.

Поврзани вести

Back to top button