Свет

Пред да заминете во Германија една работа мора да се исполни

Во Германија се бараат 35.000 негуватели, а оние граѓани од Западен Балкан кои имаат соодветни квалификации и сакаат да заминат мора да внимаваат на една работа.

Диетмар Бандке, советник за медицински лица вели дека прво мора да се научи германскиот јазик.

Објаснува дека освен стручност, тоа е многу важно за работа и интеграција.

„Животот во Германија е различен, секој е препуштен сам на себе, а без познавање на германскиот јазик, тоа не е можно“- вели тој.

Раскажува дека познавањето на јазик ги намалило непријатните ситуации и измами.

„Не смееме да заборавиме дека се во прашање човечки животи кои не можат да се надоместат ако се случи грешка“ – рече советникот.

Додава дека многу луѓе мислат дека е доволно само да дојдат во Германија, но потоа настануваат проблемите.

Бандке вели дека целиот процес и учењето на јазикот мора сериозно да се сфати.

Открива дека во Германија има голем интерес за стручни кадри.

Објаснува дека Германија е „стара држава“ и има многу лош наталитет.

Поврзани вести

Back to top button