Македонија
Пожар во фабрика за марихуана во кавадаречко, го гаселе 25 пожарникари (ФОТО)
Пожар ја зафатил фабриката за одгледување на канабис во тиквешкото село Дебриште, соопшти Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој објави и фотографии од пожарот.
Јанчев информира дека пожарот е ставен под контрола и дека изгорен е само дел од депото на фабриката.
– ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште, напиша Јанчев на својот фејбук профил.
Пожарот бил ставен под контрола и бил спасен поголемиот дел од објектот.