Македонија

Пороен дожд, грмежи и ветер до крајот на неделата

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат хидрометеоролозите за деновите до крајот на неделава. Времето утре попладне ќе биде под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса. Ќе има поизразена нестабилност, најпрвин на запад, а попладне на целата територија на Македонија.

Локално е можна и појава на невреме со град. Врнежите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот. Се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен.

Како што информира УХМР, од петок ќе следи период на ветровито време со умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините. За време на викендот, во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Поврзани вести

Back to top button