Свет

Поранешен командант на ОВК пронајден мртов – Требало да сведочи во Хаг

Фадиљ Суљевичи, поранешен косовски полицаец и екс-командант на нелегален затвор на ОВК кај месноста Матичан, е пронајден мртов. Како што наведуваат медиумите од соседството безживотното тело на Суљевичи било пронајдено вчера кај езерото Бадовац во близина на Приштина.

Информацијата ја потврди и косовската полиција од каде информираат дека добиле дојава дека тело на непознат маж, кој подоцна бил идентификуван како Фадиљ Суљевичи, било на патот што води кон езерото Бадовац.

Истрагата е во тек, откако на лице место дошла екипа на Итната медицинска помош заедно со јавен обвинител. Инаку, за него имаше потерница која ја издаде Србија и го бараше Интерпол.

Тој беше на листата на сведоци на Хашкиот трибунал но нема детали за кои предмети требаше да сведочи против поранешни команданти на ОВК.

Поврзани вести

Back to top button