Живот
Полицајка уапси џепчија во бикини
Мика се сончала , кога крадецот и го украл телефонот на нејзина пријателка. Шведска полицајка, која во моментот не била на служба, го шокирала крадецот кога го фрлила на земјата и го уапси само по гаќи, пишува “Дејли мејл”.
Мика Келнер, полициски офицер од 11 години, се сончала во парк во Стокхолм со пријатели кога незнаејќи што ќе му се случи на крадец се приближил кон другарките.
Под изговор дека продава списанието за добротворни цели за помош на бездомниците, тој се заприкажал со оскудно облечените жени. Набргу откако се оддалечил, една од пријателките на полицајката почувствувале дека мобилниот телефон недостасува.