Македонија

По починатата девојка, најдено е и телото на мажот што скокнал во Вардар да ја спаси

Откако беше извлечено безживотното тело на 20-годишната девојка од Гостивар, која ноќеска била однесена од водите на Вардар, неколку часа подоцна е извадено и мртвото тело на 45-годишниот маж што скокнал да ја спаси.

Безживотното тело на девојката било најдено кај селото Старо Чајле, околу четири часот по полноќ покрај брегот на реката Вардар. На местото пристигнала брза помош каде само ја потврдиле смртта кај жената.

Потрагата во раните утрински саати продолжила по 45 годишниот маж чие тело денеска околу пладне бил најдено помеѓу местата Форино и Чегране во водите на Вардар.

Се истражува дали помеѓу мажот и жената имало поврзаност или можеби се работи за минувач кој се нашол случајно на местото кога таа паднала или скокнала.

За сега сите информации околу случајот се неофицијални и полицијата истражува.

Двете тела се дадени на обдукција.

Поврзани вести

Back to top button