Македонија
По 5.000 денари за секое бебе во Ѓорче Петров
Советот на општината донесе одлука од идната година да им се дава парична помош на новороденчиња.
Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната седница донесе одлука за доделување еднократна парична помош во висина од 5.000 денари за секое новороденче во општината. Одлуката стапува во сила од 2016 година.
Овој состав на Советот првпат од постоењето на Општината како локална самоуправа носи ваква одлука.По повод претстојните празници, 51 социјално загрозено семејство ќе добие парична помош од по 3.000 денари.На седницата, како што соопшти Општината, поднесена е и иницијатива за изградба на пет улични вежбалници, и тоа во населбите Хром, Дексион, Ѓорче Петров, Ново Село и во Волково.