Живот

Памела Андерсон: Порнографијата е опасна

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“ и најпопуларната Плејбој зајчица на сите времиња, Памела Андерсон апелира кон мажите да престанат да гледаат порнографски материјали и предупредила на нивната штетност. Во заеднички текст рабинот Шмулеј Ботич и Памела за весникот „Вол стрит журнал“ пишуваат дека порнографијата има штетно влијание за човековата душа, како и на способноста на мажот да биде добар маж и татко.

„Ова е јавна опасност од големи размери без преседан, на сите им е достапна и пристапот е овозможен до сите“, пишуваат тие. Во текстот под наслов „Ветете, нема веќе посветеност кон порнографија“ апелираат кон читателите да сфатат дека порнографијата е за губитници и дека претставува безнадежен начин на опуштање и задоволување на луѓето кои се премногу мрзеливи да ги жнеат плодовите на сопствената сексуалност.

Статистиката поврзана за користењето на порнографски содржини, Американските асоцијации на психолози ја опишале како „застаршувачка“. Порнографските содржини ги конзумира помеѓу 50 и 99 отсто од мажите и 30 до 86 отсто од жените, а испитаниците изјавиле дека порнографијата лошо влијае врз интимните односи со партнерите. Памела и рабинот, во заедничкиот текст ги споредуваат зависниците од порнографија со бебиња родени како „зависници од крек, одгледувани во затвори со дигитализирани порнографски слики“.

Актерката во соопштение истакнала дека и е драго што со рабинот работат на подигање на свеста за „уншптување на невини животи“.

„Нешто мораме да направиме по ова прашање. Здравото сексуално искуство бара целосна предаденост и интимност на двете страни, а порнографијата тоа го унуштува“, изјавила 49- годишната актерка.

Поврзани вести

Back to top button