Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на мандарини има бенефити по нашето здравје, форма, но и изглед.
Само една мандарина обезбедува речиси една третина од дневните потреби за витамин Ц, а содржи и активни соединенија кои придонесуваат за антивоспалителните и антиоксидативни својства.
Го зајакнуваат имунитетот
Како што сите добро знаеме, мандарините се многу богати со витамин Ц, антиоксидант кој спречува ширење на соединенија кои ги оштетуваат здравите клетки во организмот, а со самото тоа го одржуваат имунитетот силен.
Го поттикнуваат растот на коса
Освен со витамин Ц, мандарините се богати и со витамини Б и Е кои помагаат при зачувување на здравјето и убавината на вашата коса. Бидејќи ѝ помагаат на косата да биде поздрава, таа расте многу побрзо.
Ја подобруваат дигестијата
Благодарение на влакната, мандарините се одлични за одржување на здравјето на дигестивниот систем. Имено, растворливите влакна создаваат т.н. „гел“ во дигестивниот тракт кој ја омекнува столицата, потенцијално олеснувајќи го празнењето на цревата. Исто така, растворливите влакна помагаат при констипација и болни грчеви и ја регулираат столицата.
Го намалуваат ризикот од рак
Докажано е дека мандарините можат да го намалат ризикот од развој на рак на црниот дроб. Имено, каротеноидите присутни во мандарините поради високата концентрација на витамин А докажано го намалуваат ризикот од рак, а сокот од мандарина може да се дава на пациенти со хепатитис Ц. Освен тоа, ова здраво овошје помага во спречување на рак на дојка.
Ја одржуваат правилната работа на срцето
Мандарините се особено здрава храна за срцето. Имено, флавоноидите и антиоксидантните соединенија што ги содржат можат да помогнат во забрзување на циркулацијата и одржување на артериите чисти, што помага при зачувување на здравјето на срцето.
Помагаат при слабеење
Со оглед на тоа што содржат значаен извор на влакна, мандарините го одржуваат желудникот полн подолго време и со тоа ја намалуваат желбата и потребата за внесување повеќе храна. Лекарите откриле дека консумирањето мандарини помага во намалување на инсулинот, па нивните шеќери не се складираат како масти, туку се претвораат во енергија.