Живот

Научниците пронашле лек против ракот во човечкото тело!

Лек кој го убива карциномот може да биде направен со помош на имунолошкиот систем на луѓето кои се во состојба да се изборат со болеста, поточно, кои со години живеат со туморот во себе без никакви симптоми. Последните неколку години се разви оваа теорија и во САД истражувачите идентификувале антитела од телата на ваквите случаи и ги претвориле во лек кој ги напаѓа и убива клетките на ракот.

– Oва може да претставува сосема нов пристап во лекувањето на ракот, а тоа е многу возбудливо затоа што антителата ги убиваат клетките на карциномот селективно – рекол професор Едвард Пац.

Професорот ги истражувал случaите кадешто ракот е откриен сосема случајно, на пример, кај еден пациент е откриен рак на белите дробови, а тој оперирал кила, без пред тоа да почувствува тегоби поврзани со ракот.

– Да не го снимевме, немаше да знаеме дека имал рак и би умрел со карциномот во себе, но не и од ракот – рекол д-р Пац.

Истражувачите токму кај ваквите луѓе барале докази дали нивниот имунолошки систем е поинаков. Откако успеалe да идентификуваат одредени антитела, ги тестирале во лабораторија на глувци. Антителата ги убиле клетките на ракот, меѓутоа, глувците и понатаму умирале од карцином. Професорот Пац рекол дека е така затоа што не им дале доволно голема доза.

– Покажавме дека антителата ги убиваат клетките на ракот, не неопходно сите, но јасно е дека влијаат на нив, што е многу битно. Kористењето на силата на сопствениот имунолошки систем во борбата против ракот е навистина возбудлива област за истражување – истакнал професорот.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button