ЖивотЗдравјеТоп

Научниците предупредуваат дека средствата за коса може да предизвикаат рак

Жените коишто користат хемиски средства за „пеглање“ на косата се изложени на поголем ризик од развој на рак на матката, според истражувањата на американскиот Национален институт еколошка здравствена безбедност (NIEHS).

Ракот на матката е најчестиот гинеколошки карцином во Соединетите држави, според Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), со стапки во пораст, особено кај црните жени.

Со обемното истражување биле опфатени речиси 34.000 жени на возраст меѓу 35 и 74 години. Се покажало дека оние кои користеле хемиски средства за исправање на косата повеќе од четири пати годишно имало 155 отсто поголеми шанси да заболат од рак на матката.

„Кај 1,64 отсто од жените кои никогаш не користеле исправувачи за косата, до 70-те години може ќе развијат рак на матката. Но, за жените кои често ги користат таквите средства, тој ризик се зголемува на 4,05 отсто“, се наведува во студијата.

Стручњаците истакнуваат дека не проучувале одредени марки производи за косата. Според нив, хемикалиите како парабени, бисфенол А и формалдехид, можат да бидат одговорни за зголемениот ризик од развој на рак, бидејќи тие се способни да навлезат во крвотокот преку скалпот.

Истражувачите не откриле поврзаноста на можност на ракот со други производи за нега на косата. Бојата, осветлувачите или хемиските средства за виткање на косата, исто така, не предизвикуваат такви компликации.

Поврзани вести

Back to top button