Свет

Најмалку по 5.000 граѓани годишно се откажуваат од косовско државјанство

Од 2009 година од косовско државјанство, во просек годишно се откажуваат по најмалку 5.000 граѓани.

Оттогаш па заклучно со 2016 година, повеќе од 40.000 граѓани станале државјани на друга држава, главно Германија.

Статистичките податоци на косовското Министерство за внатрешни работи потврдуваат дека трендот на откажување од државјанство почнал во 2014 година кога се откажале 5.158, додека во 2016 година тој број изнесува 5.871 лице.

Роксана Ќари, директорка на Канцеларијата за односи со јавноста, истакна дека најголемиот процент од оние кои се откажуваат од косовско државјанство живеат во Германија.

– Главна причина за тоа е добивање државјанство на некоја од земјите членки на ЕУ, кои не дозволуваат двојно државјанство. Станува збор за косовските граѓани кои живеат подолг период таму и ги исполнуваат законските услови за добивање тамошно државјанство, посочи Ќари.

За невалидниот сектор „Ослободувањето“ посочуваат дека откажувањето од државјанството на Косово е нешто негативно што и се случува на државата.

Според Исуф Зејна од „Демократија Плус“ ова е последица на масовната миграција која е присутна во Косово, што поради економската бесперспектвност постојано се во обид да најдат работа и се дислоцираат од својата родна земја, поради благосостојба во западно европските земји.

Посочува дека поради тоа не се отфрла можноста за зголемување на бројот на оние кои ќе се откажуваат од државјанството на Косово.

Инаку, според податоците на Министерството за дијаспора во Владата на Косово околу 400.000 косовски граѓани живеат во некоја земја во Европа и светот, најмногу во Германија, Швајцарија, потоа Италија, Шведска и Канада.

Поврзани вести

Back to top button