МакедонијаТоп

Над 600 луѓе во Бугарија дарувале крв за еден ден

Регионалните центри за трансфузија на крв низ Бугарија исто така забележале значителен интерес. Во Пловдив вчера се пријавиле 112 доброволци, во Варна 68, во Плевен 35, а во Стара Загора 14 лица дарувале крв за настраданите.

Над 600 луѓе во Бугарија за само еден ден дарувале крв за повредените од трагичниот пожар во Кочани. Бранот на емпатија и поддршка не стивнува, додека пациентите примени на лекување во болниците во Софија, Варна и Пловдив остануваат во сериозна, но стабилна состојба, објави БГНЕС.

Најголем број крводарители биле регистрирани во Националниот центар за трансфузиона хематологија, каде 218 лица донирале крв за повредените. Освен во овој центар, дарување крв се одвивало и во мобилни пунктови, вклучувајќи ја болницата „Пирогов“, каде 68 луѓе ја покажале својата хуманост. Голем одзив имало и во Воено-медицинската академија (ВМА), каде биле забележани 109 крводарители.

Регионалните центри за трансфузија на крв низ Бугарија исто така забележале значителен интерес. Во Пловдив вчера се пријавиле 112 доброволци, во Варна 68, во Плевен 35, а во Стара Загора 14 лица дарувале крв за настраданите.

Во моментов, во болницата „Пирогов“ се хоспитализирани девет пациенти, од кои двајца се екстубирани, а едно лице користи кислородна маска. Останатите пациенти се уште се на механичка вентилација. Состојбата на оние што се лекуваат во Варна и Пловдив останува сериозна, но стабилна.

принтскрин социјални мрежи и Јутјуб

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2
mk Македонски јазик
Следи не на Facebook