Живот

На Евросонг забранети знамиња на Косово, ИД, Крим…

На овогодишното натпреварување за песна на Евровизија забранети се знамињата на Косово, ИД, Палестина, Крим, Доњецка Република, Нагорно Карабах и северен Кипар, соопштија организаторите.

За време на настанот во Стокхолм во салата нема да биде можно да се внесат тие знамиња, се вели во соопштение објавено на сајтот на овогодишниот натпревар.

За одлуката на организаторите можно е да се поднесат жалби.

Покрај тие знамиња нема да биде можно да се внесуваат ниту знамиња или транспаренти со пораки од политичка или верска природа кои организаторот ги сметаат за непримерни.

Поврзани вести

Back to top button