Македонија

МВР нема да ги објави снимките од инцидентот со Асани, полицајката и пајакот

Тајна ќе останат снимките од инцидентот пред трговскиот центар „Мавровка“ во кој беше поврдена полицајка која била на должност.

Министерството за внатрешни работи тврди дека постојат законски процедури кои не дозволуваат објавување на видео материјалот. Првиот човек на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, вели дека надлежноста врз обезбедените снимки ја има Јавното обвинителство, а таму е предаден и останатиот доказен материјал.

„Сакам само да напоменам дека постои процедура, законска во кои рамки и на кој начин се обезбедуваат снимките и се доставуваат до Основното јавно обвинителство и од тие причини ние не сме во можност да ги објавиме снимките во медиумите, туку нашата законска обврска е истите снимки да ги доставиме до ОЈО“, вели Лазо Велковски, Директор на Бирото за јавна безбедност.

Според премиерот Зоран Заев, за целиот случај веќе постапувале надлежните државни институции и вели дека е неопходно да следува казна за сторителот, дури и ако се работи за вербален напад.

Тој додава дека информациите кои ги добил надлежните органи упатувале на тоа дека полицајката не била физички нападандата од функционерот на ДУИ.

За Инцидентот во кој е повредена полицајка реагираше и опозицијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето на форумот на жени на партијата, изјави дека наместо спроведување на правда, граѓаните се сведоци на употреба на сила.

„Ќе дознаеме од медиумите како е тепана полицајка, но веќе утредента кога ќе се сретне со министерот за внатрешни работи, дава изјава дека станува збор за самоповреда од пајак возилото. Нешто што не само што е дезавуирање на положбата на македонската жена, не само што станува предмет на шега на социјалните медиуми туку е и повреда на интелегенцијата на граѓаните“, вели Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во обид МВР да го расфетли счучајот, вчера министерот Оливер Спасовски побара помош и од граѓаните.. Ги повика доколку поседуваат некакви видео снимки или фотографии, да ги достават до полицијата, а за целосно расфетлување на случајот, тие веднаш ќе се предадат на обвинителството.

Инаку во четвртокот претпладне се случи инцидентот во кој настрада полицијката која интервенирала заедно со пајак службата. Таа на средбата со министерот Спасовски објаснила дека со функционерот на ДУИ Асани, имала само вербална расправија ама при повлекување од местото се удрила со левата рака во пајак возилото. Според соопштението на МВР, таа не се здобила со сериозни повреди но сепак побарала лекарска помош во Градската болница.

Поврзани вести

Back to top button