Свет

Можна е нуклеарна војна – САД се закануваат дека ќе ја нападнат Северна Кореја

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави денеска дека и воена акција на САД против Северна Кореја е една од „опциите ставени на маса“.

Тој за време на посетата на демилитаризираната зона, која ги раздвојува Јужна и Северна Кореја изјави дека САД не ја сакаат таа можност, но додаде дека доколку продолжат да растат заканите ќе размислат и за неа.

– Секако дека тоа не го сакаме. Ако продолжат да се закануваат со својата програма за вооружување, до ниво кое бара акција и таа опција е на масата, изјави Тилерсон.

Поврзани вести

Back to top button