Живот

Можеби сте во опасност – Што се црвените точки на вашата кожа?

Дали сте забележале чудни црвени точки на вашата кожа? Знаете зошто се појавуваат? Ако сè уште не сте успеале да го пронајдете одговорот на второто прашање, ние ќе ви помогнеме.

Тие се бенигни тумори кои потекнуваат од клетките на васкуларните или лимфатичните садови или од клетките кои се наоѓаат околу тие садови.

Постојат две главни причини зошто се појавуваат ангиомите:

1. Заради годините, односно возраста. Ангиомите со текот на годините можат да настанат природно заради промени на кожата и крвните садови. Уште се познати како цреша ангиом и се со големина од 1 – 5 mm во дијаметар.

2. Заради здравствени проблеми или лош стил на живеење. Од друга страна, може да биде знак за проблеми со црниот дроб, крвните садови или изгубен хормонален баланс.

Овие промени на кожата вообичаено се безопасни и се третираат само за естетски, односно козметички изглед. Но, ако забележите промени, добро е да се консултирате со лекар.

Исто така, добро е да ја спречите нивната појава во иднина. А, тоа можете да го направите со балансирана диета и здрав начин на живеење.

Пијте многу вода, јадете сиров зеленчук и не заборавајте на здравите масти кои ги добивате од авокадото и маслиновото масло.

Тоа се едноставни правила кои ќе ви помогнат да имате здрава кожа.

Поврзани вести

Back to top button