Живот

Можеби сте имале срцев удар, а не знаете

Лекарите предупредуваат на тивки симптоми на срцев удар, кои се поопасни за жените отколку за мажите.

Обично луѓето замислуваат филмски сцени во кои е опишан срцевиот удар: некој се фаќа за левата страна на градите, паѓа на земја и потоа е на пат за болница. Меѓутоа, симптомите често се суптилни.

Американската организација за борба против болести на срцето спровела студија која покажала дека срцевиот удар во половина од случаите воопшто и не дава симптоми. Кај „тивкиот“ удар, патот на крвта до срцето е ослабен или никаков, а таквиот удар е сериозен исто како и бурниот.

Научниците анализирале медицински извештаи на 9.500 возрасни лица и откриле дека 317 од нив имале тивки срцеви удари, а 386 имале удар со сите клинички симптоми. Иако скриените удари биле почести кај мажите, поголеми се шансите од таквите удари да настрадаат жените, зашто тие полесно ги занемаруваат симптомите.

-Тивките срцеви удари се опасно зашто луѓето не стигнуваат на време да ја добијат вистинската терапија, истакнува Роберт Колнер, еден од истражувачите кои ја спроведувале оваа студија.

Скриените симптоми тешко се забележуваат зашто можат да бидат помешани со симптоми на други болести. Тие може да биде проблем со варењето, плитко дишење, вртоглавица, мачнини, повраќање, слабо или силно чукање на срцето.

Експертите истакнуваат дека може да се случи симптоми воопшто и да нема.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button